„Образование преку создавање“ (Maker Education) е Еразмус + проект во кој ќе учествуваат 144 ученици и 72 професори од 6 европски држави: Романија, Македонија, Португалија, Турција, Италија и Полска. Oд училиштата САБА Скопје, Битола, Куманово и Штип ќе се одберат 20 ученици и 10 професори кои ќе одат на еднонеделни обуки во 5 европски држави во текот на учебната 2019/20 и 2020/21 година.
- Првата обука ќе се одржи во Романија во ноември 2019 година на тема Роботика и Автоматизација, каде учениците ќе користат модерна технологија, ќе го развијат своето креативно размислување преку истражување, експериментирање, проектирање. Работејќи во тим, учениците ќе научат како да градат, програмираат и контролираат роботи, ќе учествуваат на натпревари за роботика и ќе ги тестираат своите знаења.
- Втората обука ќе се одржи во Македонија, во САБА – Скопје во февруари 2020 година. Темата ќе биде Internet of things, IoT devices. IoT е нова развојна технологија која се повеќе е дел од нашиот живот. За време на еднонеделната посета ќе се презентираат наградените иновативни ИТ проекти „Систем за детекција на гасови“ и „Подобрување на ефикасноста на соларни панели“.
- Третата обука ќе се одржи во Турција во мај 2020 година на тема LEGO образовни решенија каде преку игри и градба со делови од LEGO, учениците ќе ја развијат својата фантазија и креативност и ќе се запознаат со STEM концептот.
- Четвртата обука ќе биде во Португалија во ноември 2020 год и темата ќе биде 3Д технологија за печатење и дигитални вештини. Учениците ќе откријат што е 3Д печатење, едноставна и брза техника која дадениот предмет од виртуелната околина го реализира во реалноста.
- Петтата мобилност ќе се спроведе во Италија во февруари 2021 фод., а темата која ќе се обработи е Наука и уметност. Учениците ќе бидат вклучени во создавање рачно изработени традиционални предмети со употреба на креативно рециклирање со цел да се изнајдат решенија за претприемништво на локално ниво. Наставниците и учениците ќе направат атрактивни експерименти, едукативни работилници, игри што вклучуваат интерактивни научни предмети, натпревари за паметни играчки итн.
- Последната шеста обука ќе биде во Полска во мај 2021 на тема Craft Education. Учениците ќе користат CNC машини за да направат разни предмети, уметнички креации и играчки и др.
Проектот е поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.