Од 5-ти до 20-ти октомври во сите држави низ Европа се одржуваше Europe Code Week.
EU Code Week е движење кое има за цел да ги поттикне креативноста, програмирањето и технологијата кај младите луѓе.
Училиштето САБА се вклучи со своите ученици од насоката информатика преку активности како програмирање на роботска рака, програмирање на систем за детекција на гасови, програмирање на систем за соларни панели и други проекти и активности поврзани со технологијата.