Во рамките на предметот Практични активности кој се реализира во 2, 3 и 4 година, учениците во првото полугодие 2020/21 беа активни и работеа на различни типови на проекти.
Во овој текст се опфатени МАЛ ДЕЛ на слики и проекти кои ги изработуваа учениците од 4 год. насока Информатика – Скопје.
Проектите претставуваат развој на софтверски Апликации како и микроконтролери со сензори.
ИТ технологии кои ги применуваме:
- JavaScript+HTML+CSS
- NodeJS
- Python+Django
- C/C++
- XAMPP
- MySQL база на податоци
- Postgre база на податоци
Секој ученик на почеток на годината одбира соодветен проект кој ќе го работи заедно со неговиот професор-Ментор.
Проектите кои се одбрани се наменети за реална примена со цел учениците да се подготват за идните предизвици:
- да научат како се работи во ИТ компаниите,
- да ги имплементираат технологиите кои ги изучуваат,
- да ги надополнат вештините, компетенциите и своето образование.
Проекти кои се работат:
- Веб апликација за споредба на банкарски кредити
- Веб систем за нарачки
- Веб систем за пресметка на патни трошоци
- Веб систем за водење на евиденција за сметки и фактури
- Веб систем за интерактивно on-line учење и тестирање преку квиз
- Веб систем – CRM, за управување со податоци во образовна институција
- Веб систем за HR сектор (евиденција на човечки ресурси во компанија)
- Микроконтролен електронски систем со примена на 4 сензори за автономен транспорт на материјали

Проект: Пресметка на патни трошоци
Технологии: JavaScript, HTML, CSS+MySQL Database

Проект: On-Line систем за нарачки
Технологии: Python, HTML, CSS+Django Server+Postgre Database

Проект: Систем за медицинска евиденција
Технологии: JavaScript, HTML, CSS, NodeJS+MySQL Database
