На 18.09.2024 година во Монс, Белгија се одржа првиот транснационален состанок меѓу партнерските организации Logopsycom од Белгија,
Les Apprimeurs и U31 од Франција, Uciliste Studium од Хрватска, Casa Corpului Didactic Cluj од Романија и САБА од Македонија за тековните активности во врска со реализација на проектот Text It Easy кој има за цел да промовира јасен јазик низ сите професионални сектори, особено во процесот на образованието и стручните обуки со цел подобрување на пристапот до информации и комуникација за сите граѓаните и да го промовира нивното вклучување и ангажирање во општеството.
Проектот Text it Easy ќе развие:
Серија образовни референтни алатки за теоретски, правна, лингвистичка и техничка рамка на јасен јазик
Анализа на најдобрите практики;
Интервјуа со целни групи и
Производство на референтни ресурси (примери и водичи) за различни содржини на јасен јазик.
Проектот ќе ги обучи професионалците да ги приспособат своите ресурси на јасен јазик врз основа на референтната рамка и ресурси, преку активности за обука, онлајн програма за обука со поврзани вебинари и водич за имплементација.
