Десет ученици од III и IV година од САБА Скопје во Март 2024 беа на двонеделна пракса во Малме, Шведска. За време на праксата учениците, во зависност од насоката која ја учат во САБА, работеа во компании од областа на информатиката, програмирање, графички и веб дизајн, како и маркетинг, финансии и менаџирање проекти.
За време на праксата учениците стекнаа едно животно искуство кое не само што ги надградува со знаења и пракса, туку и им отвора многу врати во иднина. Таму се запознаа со искусни професионалци на кои им оставија многу добар впечаток со нивните знаења и начинот на кој ги завршија работните обврски. Затоа и добија одлични препораки од нив и покана за работа во иднина.
Пo завршувањето на праксата, шведската амбасадорка во Македонија ги прими учениците каде тие имаа можност да го споделат нивното искуство во Малме.
Секоја година кон крајот на првото полугодие се распишува конкурсот за избор на ученици кои ќе одат на пракса во некоја Европска држава. Преку интервјуа се прави селекција на најдобрите кои ја добиваат оваа единствена можност. Патувањето е целосно бесплатно за учениците, со покриени трошоци за пат, сместување, храна и пракса. Во изминатите години учениците одеа на пракса во Германија, Шпанија, Италија, Португалија.
Праксата на учениците е дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Националната агенција за европски програми мобилност и Европската комисија.
