Десет ученици од САБА Битола од 1-ви до 10-ти јули беа во Загреб, каде што заедно со ученици од Хрватска, Бугарија и Унгарија учествуваа во Еразмус проектот “Stop Bullying”
За време на проектот учениците имаа активности за спречување на насилството меѓу младите, а истовремено ја претставија и македонската храна и култура пред другите учесници.