“The School Business Alliance for the Digital Economy” е Еразмус + проект кој училиштето САБА ќе го спроведува од ноември 2019 до ноември 2021 година. Во овој прокет се вклучени училишта и стопански комори од Македонија, Турција, Словенија, Англија, Бугарија и Шпанија. Целта на проектот е да се создадат корисни модели каде стопанските комори ќе им помогнат на училиштата да се поврзат со реалните бизниси со цел попрактично изучување на економијата и претприемништвото.
“The School Business Alliance for the Digital Economy” на едно место собира конзорциум на училишта со стопански комори поддржани од експерти. Проектот има за цел да им помогне на училиштата да развијат одржливи и систематски партнерства со деловните субјекти, социјалните претпријатија и невладините
организации.
Во текот на овој проект професори и ученици од училиштата, како и претстваници од стопанските комори ќе имаат неколку работни средби, и тоа:
1. Декември 2019, Бирминген, Англија
2. Март 2020, Џирона, Шпанија
3. Мај 2020, Копер, Словенија
4. Ноември 2020, Стара Загора, Бугарија
5. Јуни 2021, Бирмингем, Англија
6. Септември 2021, Скопје, Македонија
Проектот е поддржан од Еразмус + програмата и Европската комисија.