Од октомври 2019 година, училиштето САБА започна да го спроведува проектот School Business Alliance For The Digital Economy Целта на овој проект е да се поврзат училиштата со бизнис секторот со цел да им се овозможи на учениците учење преку концептот на „отворени училишта„ концепт кој им овозможува на учениците да учат преку практични примери надвор од училницата.
Како дел од овој проект ученици од САБА на 07.10.2020 имаа работилница за претприемништво организирана од Регионален бизнис центар Скопје, кој е партнер во истиот проект. На работилницата учениците се запознаа со и маркетинг агенцијата Square one и нејзиниот основач Владо Цекиќ, млад претприемач кој со неговата инспиративна приказна за започнување на сопствен бизнис успеа да ги мотивира учениците да почнат да размислуваат претприемнички.
Во проектот School Business Alliance For The Digital Economy се вклучени партнери, училишта и стопански комори, од Словенија, Турција, Бугарија, Словенија и Англија. Проектот треба да заврши во октомври 2021 година.
Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Европската комисија.