Од 24-ти до 28-ми Февруари училиштето САБА беше домаќин на ученици и професори од пет Европски држави: Романија, Турција, Португалија, Италија и Полска. За време на еднонеделната обука во Скопје се работеше на теми од областа на Internet of things и Вештачка интелигенција. Оваа обука беше дел од двегодишниот проект “Maker Education”.
Учениците од странство, заедно со ученици од САБА Скопје работеа на практични вежби со примена на Ардуино, микроконтролери и сензори.
Професорите пак имаа обука за користење на нови техники во наставата и присуствуваа на часови во училиштето САБА каде имаа можност да видат како новите техники се применуваат во САБА.
Во текот на еднонеделниот престој во Македонија, групата ученици и професори ги посетија и Охрид и Свети Наум.
Еразмус проектот “Maker Education” е поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и Европската комисија.