“Virtual education center” – Атина

Четворица професори од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип од 22-ри до 27-ми ноември 2021 беа во Атина на обука за нови дигитални алатки за настава. Обуката е дел од проектот “Virtual education center” во кој учествуваат организации и училишта од Англија, Хрватска, Турција, Грција и Македонија. За време на едноноделната обука професорите се запознаа со нови дигитални алатки кои ке ги применуваат за време на часовите со цел внесување на поголема креативност и активност на секој час.

Повеќе …

“Learning cultures via cinema” – Крит

Ученици и професори од САБА од 1-ви до 5-ти ноември беа на Крит, Грција, на мобилност во рамките на проектот “Learning cultures via cinema”. Преку овој проект ученици од Македонија, Турција, Грција, Португалија, Унгарија и Романија ќе изработуваат видеа за различните култури и традиции во Европските држави. За време на еднонеделната посета на Крит, учениците од сите пет држави учеа за разликите и сличностите помеѓу културите во овие држави и како сето тоа да биде вклопено во филмот “Europe unite us” кој ќе биде завршен производ на овој проект “Learning cultures via cinema”.

Повеќе …

“Using STEM to inspire creativity”- Италија

Ученици и професори од САБА Битола од 25-ти до 29-ти октомври 2021 беа во Италија каде учествуваат во проектот “Using STEM to inspire creativity”. САБА заедно со училишта од Португалија, Италија, Романија и Турција во текот на 2021 и 2022 година ќе работат на решавање проблеми со користење на Стем програмата, преку изработка на проекти од областа на физика, хемија, математика, кодирање и роботика.

Повеќе …

“School business alliance conference”

На 13-ти и 14-ти Октомври се одржа “School business alliance conference”, конференција на која во текот на овие два дена присуствуваа повеке од 50 наставници и претставници од бизнис заедницата. На конференцијата беа претставени резултатите од проектот “School Business Alliance for the digital economy” кој училиштето САБА го реализираше во текот на 2019, 2020 и 2021 година заедно со училишта и стопански комори од Англија, Шпанија, Словенија, Турција и Бугарија.

Повеќе …