Пракса во компании

Во првото полугодие од учебната 2021/22 година учениците од трета и четврта година имаа можност да ја реализираат праксата во разни компании од областа на бизнисот, правото и информатиката. Дел од компаниите со кои училиштето САБА имаше одлична соработка се: Повеќе …

Новогодишен хуманитарен настан

На 28.12, на ул. Македонија, пред Спомен куќата на Мајка Тереза,  се одржа традиционалниот новогодишен хуманитарен настан организиран од учениците на САБА. Малку поезија и драма, убава новогодишна музика, креативни изработки и многу позитивна енергија го исполни целиот настан.

Повеќе …

“Don’t be bully, be friend fully” – Љубљана

Од 29.11 до 04.12 две професорки од САБА беа во Љубљана, каде учествуваа во проектот “Don’t be bully, be friend fully”. Нашите професорки заедно со професори од средни училишта од Словенија, Бугарија и Турција ја следеа обуката за нови методи за намалување и спречување на булингот меѓу младите во училиштата. Во текот на обуката се спроведоа работилници за зголемување на самопочитта кај учениците, намалување на антисоцијалното однесување и сл. Професорите разменија искуства и работеа на наоѓање начини за намалување и спречување на врсничкото насилство.

Повеќе …