“Don’t be bully, be friend fully” – Љубљана

Од 29.11 до 04.12 две професорки од САБА беа во Љубљана, каде учествуваа во проектот “Don’t be bully, be friend fully”. Нашите професорки заедно со професори од средни училишта од Словенија, Бугарија и Турција ја следеа обуката за нови методи за намалување и спречување на булингот меѓу младите во училиштата. Во текот на обуката се спроведоа работилници за зголемување на самопочитта кај учениците, намалување на антисоцијалното однесување и сл. Професорите разменија искуства и работеа на наоѓање начини за намалување и спречување на врсничкото насилство.

Повеќе …

“Generation coding the future”- Унгарија

Пет ученици од САБА од 22-ри до 27-ми ноември 2021 беа во Унгарија каде учествуваа во проектот “Generation coding the future”. Заедно со ученици од Романија, Италија, Турција и Унгарија таму учеа за Infrared applications, robotic systems, remote controlled Arduino robots.

Повеќе …

“Virtual education center” – Атина

Четворица професори од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип од 22-ри до 27-ми ноември 2021 беа во Атина на обука за нови дигитални алатки за настава. Обуката е дел од проектот “Virtual education center” во кој учествуваат организации и училишта од Англија, Хрватска, Турција, Грција и Македонија. За време на едноноделната обука професорите се запознаа со нови дигитални алатки кои ке ги применуваат за време на часовите со цел внесување на поголема креативност и активност на секој час.

Повеќе …

“Learning cultures via cinema” – Крит

Ученици и професори од САБА од 1-ви до 5-ти ноември беа на Крит, Грција, на мобилност во рамките на проектот “Learning cultures via cinema”. Преку овој проект ученици од Македонија, Турција, Грција, Португалија, Унгарија и Романија ќе изработуваат видеа за различните култури и традиции во Европските држави. За време на еднонеделната посета на Крит, учениците од сите пет држави учеа за разликите и сличностите помеѓу културите во овие држави и како сето тоа да биде вклопено во филмот “Europe unite us” кој ќе биде завршен производ на овој проект “Learning cultures via cinema”.

Повеќе …

IN Memoriam – Проф. Сашко Соколов

 

За саканиот и омилениот…

За Проф. Сашко Соколов

 

БИОГРАФИЈА

Проф. Дипл. Ел. Инж. Сашко Соколов, роден 1975 год. во Кочани уште од најрана возраст во основното образование покажува интерес кон книгата и образованието, бил избран за ученик на генерацијата, а својата желба за учење и напредување ја преточува во неколку награди по различни предмети на општинско, регионално и републичко ниво. Повеќе …