На 28.12, на ул. Македонија, пред Спомен куќата на Мајка Тереза, се одржа традиционалниот новогодишен хуманитарен настан организиран од учениците на САБА. Малку поезија и драма, убава новогодишна музика, креативни изработки и многу позитивна енергија го исполни целиот настан.
Во деновите пред настанот учениците изработуваа новогодишни украси, честитки, календари, а дел од учениците подготвија и рецитал со кој се одбележа 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески.


По хуманитарниот настан, со сите собрани средства од продажбата на производите, беа купени храна и средства за хигиена кои беа донирани во здружението Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness од каде беа поделени на социјално загрозени семејства.


Им благодариме на сите ученици, родители, професори, соработници и случајни минувачи за поддршката на хуманитариот настан.