Лајпциг, Германија, Декември 2013
“Стекнување Европски техники на образование”
Од 8-ми до 15-ти декември 2013 година 4 претставници од училиштето САБА учествуваа на еднонеделната обука “Стекнување Европски техники на образование”. Обуката беше дел од Леонардо Да Винчи проектот поддржан од Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.
Обуката се одржуваше во Лајпциг, Германија и беше во организација на компанијата Wisamar. За време на оваа обука учесниците се стекнаа со знаење за тоа како што е можно повеќе да се примени праксата во средните стручни училишта. Учесниците посетија неколку компании и тренинг центри (за автомобилска индстрија и електроника, како и за туризмот) во кои учениците од средните училишта од Лајпциг ја реализираат практичната настава. Таму има можност да се сретнат со нивните ментори и професори и да разговараат за тоа што учениците работат и дали по завршувањето на праксата некои од нив продолжуваат со работа во тие компании. Целта на оваа обука беше подготовка на професорите од САБА за поголемо вклучување на нашите ученици на пракса во реални компании.