Роденденски настан 15 години САБА

Многу среќни и успешни ученици, задоволни професори, како и родители… затоа училиштето САБА цели 15 години е најдобар избор за средно образование во Македонија!

       
На 27.12.2022 во хотел Мериот САБА го прослави својот 15-ти роденден. На прославата имаше прекрасен настап на учениците од САБА и претставување на Еразмус + и многу наградени проекти во кои учениците од САБА учествувале низ годините.
Се започна во септември 2007 година, како прво приватно средно стручно училиште во Македонија, со име Средношколска академија за бизнис и администрација или скратено САБА. Во првата генерација се запишаа ученици на насоките бизнис и право, а веќе следната година се акредитирани програмите за насоките информатика и туризам. Уште од самиот почеток имаше голем интерес на ученици, не само од Скопје, туку и од другите градови од Македонија, што придонесе веќе следната година да се отворат паралелки и во Битола, а неколку години подоцна, во 2014 година, САБА се прошири и во Штип.
 
Денес, после цели 15 години, може да се пофалиме со повеќе од 1.000 ученици кои завршиле во САБА, многу освоени награди и реализирани проекти. Дел од учениците во САБА се добитници на стипендии и меѓу нив има првенци на генерации,  кои во иднина ќе бидат предводници на новите класи информатичари, економисти, научници…
Роденденската прослава која помина во прекрасна атмосфера, се одржа во хотелот Мериот. Сите часови, денови и години поминати во работа вредат кога ќе се видат толку среќни и задоволни родители и ученици на едно место. Насмевките на сите овие лица навистина кажуваат многу за САБА.