Продуктивно учење во образованието

Берлин, Германија, Март 2013

“Продуктивно учење во образованието”

Во текот на Март 2013 година, координаторот на САБА Скопје учествуваше на еднонеделната обука “Продуктивно учење во образованието” која се одржуваше во Берлин, Германија. Обуката беше дел од Комениус проектот поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и беше организирана од Berlin Institute for Productive Learning in Europe (IPLE). За време на оваа обука учесниците се запознаа со Германскиот образовен систем во кој практичната настава има централно значење. Учесниците се стекнаа со методи и практични алатки и совети преку кои ќе можат да го применат продуктивното учење во нивните училишта.