Пракса за ученици од стручните училишта

Претставници од САБА од 8-ми до 12-ти јули 2023 беа во Невшехир, Турција на обука на тема “Пракса за ученици од стручните училишта”. Таму имаа можност поблиску да се запознаат со начинот на организирање на праксата за ученици од стручните училишта од областа на туризмот, технологијата, гастрономијата и инженерството.

“За време на обуката посетивме неколку стручни училишта кои имаа навистина многу добро опремени лаборатории и центри за пракса. Се запознавме и со директорите на овие училишта со кои разменивме искуства од областа на стручното образование,” вели Нена Ѓорѓиевска, претставник од САБА на обуката во Турција.

На оваа обука учесниците научија како подобро да се подготват учениците за пазарот на труд, како да се воспостават добри врски меѓу училиштата и компаниите, како учениците да бидат со чекир со новите технологии кои се користат во компаниите итн.

За време на обуката, учесниците се запознаа и со областа Кападокија и го посетија Директоратот за образование на регионот Кападокија.

Обуката “Students traineeships in VET Education” е дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.