“DiGiGo” – “Пракса во ера на дигитализација” е нов проект на училиштето САБА кој ќе се реализира во текот на 2021, 2022 и 2023 година.
Целта на DiGiGo е создавање на дигитални вештини на учениците од стручното образование, во текот на нивната практична настава. Преку овој проект ќе се создадат алатки за модернизација на практичната настава преку дигитализација.
Преку овој проект:
- Ќе се воспостават дигитални компетенции на обучувачите во команиите и менторите на учениците,
- Ќе се поддржат наставниците во стручното образование и обучувачите во компаниите да развијат програми за практична настава (традиционална и виртуелна) за зајакнување на дигиталните компетенции на практикантите на работното место
- Ќе се покрене свеста на наставниците од стручното образование, за можноста за практична настава преку дигитализација и дигиталните компетенции на учениците;
- Ќе се ангажираат повеќе компании за добар квалитет на практичната настава за зајакнување на дигиталните вештини на учениците.
Проектот ќе произведе два интелектуални продукти:
- Е-платформа за учење
- Практична настава во ера на дигитализација: Успешни видео приказни
Партнери во овој проект се Франција (носител на проектот), Македонија, Португалија, Малта, Холандија и Грција.