Дигитален маркетинг во Фолињо, Италија

Маја, Лаура, Андреј, Катерина и Антонела, ученици од САБА Скопје, Битола и Штип од 1-ви до 11-ти мај 2023 година беа на пракса во Фолињо, Италија. Таму имаа практична обука за ефикасна примена на дигиталниот маркетинг во денешните компании.

За време на обуката учениците научија кои се новите трендови во дигиталниот маркетинг во компаниите ширум светот. Исто така ученици имаа можност да креираат свој стартап бизнис и своја маркетинг кампања.

Темите кои беа опфатени за време на праксата во Италија беа:

  • New Trends in E-Marketing in Practice
  • Search Engine Marketing (SEM) and Search Engine Optimization (SEO)
  • Social Media Management Networking
  • Software for Campaign Planning, Creation, Monitoring and Adjustment
  • Facebook Ads – Google Ads
  • Google Analytics and Campaign Monitoring Software

“За време на оваа пракса научив многу за маркетингот, нови стратегии за продажба, односите со конкуренцијата. Исто така научив како една компанија треба да биде уникатна на пазарот, како да ги разбере своите клиенти, кој вид на продажба и промоции се најдобри и сл”, вели Лаура Стефанова, ученичка во САБА Скопје.

“Стекнав многу нови знаења, искуства и вештини за тие две недели во Фолињо. Се што научив таму, сега ми помага многу за да ја работам својата работа многу поефикасно,” вели Антонела Митева, матурантка во САБА Штип.

За време на праксата во Италија, учениците се запознаа и со италијанската култура и традиција, а освен Фолињо ги посетија Рим, Перуџа и Асиси.

 

Праксата во Италија е дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.