Од 1-ви до 15-ти мај 2022 12 ученици од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип беa на двонеделна пракса во Лајпциг, Германија. Во текот на првата недела од праксата тие работеа на креирање на системи за паметни домови (smart homes). Во текот на втората недела работеа на склопување на 3Д принтер, како и креирање на дизајни и нивно печатење на 3Д принтер.
Како дел од праксата беше и запознавањето на германската култура и традиција преку посета на градовите Лајпциг и Берлин.
Проектот е поддржан од Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.