Во какво средно училиште би го запишале вашето дете?

За потребите на проектот „Предизвици во средното образование во Европа„ во текот на февруари и март 2020 година беше спроведено истражување за мислењето на родители на сегашни и/или идни ученици од средни училишта од нашата држава. Истражувањето на оваа тема се спроведуваше од организации од неколку Европски држави. Целта на истражувањето беше да се направи споредба помеѓу државното и приватното образование.

Гимназија или стручно училиште? Државно или приватно? Економија или Информатика?

Средното образование во нашата држава е задолжително, но одлуката кое училиште да се одбере, за некои ученици и родители не е толку едноставна.

Врз основа на добиените резултати од ова истражување, повеќето родители сметаат дека поефикасно учење и образование се стекнува во приватни средни училишта.

Поголем процент од нив сметаат дека државните и приватните училишта се разликуваат во многу работи. Сепак, 57% би плаќале приватно училиште за своето дете, а останатиот дел (43%) не би плаќале приватно, бидејки постојат бесплатни државни училишта во нашата држава.

На прашањето Кој треба да одлучи каде ученикот ќе се запише во средно училиште? најголем дел или 63% од испитаниците одговориле дека ученикот треба да одлучи сам, наспроти тоа за него да одлучат родителите или некој друг.

    

Што вие би избрале за вашето дете?

55% би одбрале приватно средно училиште, наспроти 45% државно.

54% од родителите би прифатиле стипедија за школување на своето дете во приватно училиште, додека за 44% зависи за кое приватно средно училиште е стипендијата, па врз основа на тоа би одлучиле дали би ја прифатиле или не.

Во какво средно училиште би го запишале вашето дете?

Најголемиот дел од испитаниците (40%) се изјасниле дека своето дете би го запишале во информатичко училиште (информатичка насока).

Голем процент (29%) би одбрале гимназија.

Следни (по 11%) се економско-правно и медицинско училиште.

 

Зачудувачки е фактот дека дури 75% од испитаниците би инвестирале финансиски средства во своето дете со цел учење во приватно образование, наспроти фактот дека има голем број на државни училишта во нашата држава во кои образованието е бесплатно. Но, тоа веројатно зборува за нешто друго.

Истите испитаници сметаат дека многу поголемо знаење и повеќе можности за успех во иднина се стекнува во приватните училишта, како и тоа дека учениците се изложени на многу помалку стрес во истите. Тоа е веројатно затоа што учениците имаат повеќе практична работа, учат во помали групи и имаат доста квалитетен и обучен кадар.

         

На прашањето Каков тип на средно училиште недостасува во нашата држава? најголем дел од испитаниците сметаат дека во Македонија недостасуваат стручни училишта и училишта со повеќе практична работа.

Дел од останатите предлози на ова прашање се:

  • Стручно
  • Информатичко
  • Занаетчиско
  • Дизајн
  • Математичка гимназија
  • Јазично
  • Интерактивно
  • Со повеќе пракса
  • Училиште за талентирани ученици

Во кое училиште би го запишале вашето дете? (приватно и/или државно)

И покрај тоа што низ одговорите во анкетата преовладуваше мислењето дека родителите би ги запишале своите деца во стручни училишта, наспроти гимназии, на прашањето каде би го запишале вашето дете, на прво место од државните училишта е Гимназијата “Корчагин” од Скопје.

Од друга страна, на прво место од приватните училишта е училиштето “САБА”. Ова е најверојатно поради фактот што САБА е единствено приватно средно стручно училиште во нашата држава каде ги има насоките бизнис, право, туризам и информатиката како една од најбараните насоки, според одговорите на едно од прашањата во ова истражување.