Четворица професори од училиштата САБА од Скопје, Битола и Штип од 22-ри до 27-ми ноември 2021 беа во Атина на обука за нови дигитални алатки за настава. Обуката е дел од проектот “Virtual education center” во кој учествуваат организации и училишта од Англија, Хрватска, Турција, Грција и Македонија. За време на едноноделната обука професорите се запознаа со нови дигитални алатки кои ке ги применуваат за време на часовите со цел внесување на поголема креативност и активност на секој час.

