Ученици и професори од САБА Битола од 25-ти до 29-ти октомври 2021 беа во Италија каде учествуваат во проектот “Using STEM to inspire creativity”. САБА заедно со училишта од Португалија, Италија, Романија и Турција во текот на 2021 и 2022 година ќе работат на решавање проблеми со користење на Стем програмата, преку изработка на проекти од областа на физика, хемија, математика, кодирање и роботика.