Од 10-ти до 16-ти декември 2018 двајца професори од САБА Скопје беа на еднонеделна обука во Барселона, Шпанија. Темата на обуката беше „Team building for school: play and fun building educators communities”. На обуката присуствуваа професори од Македонија, Грција и Финска, каде имаа можност да разменат меѓусебни искуства за видовите на активности кои ги реализираат во нивните училишта со цел градење на тимскиот дух меѓу учениците и професорите. За време на обуката професорите научија многу нови активности кои може да се применуваат како во училницата, така и надвор од неа. Целта на обуката беше да се научат нови техники за градење на тимскиот дух во училиштата со цел подобро функционирање и подобра атмосфера како меѓу вработените, така и меѓу учениците во училиштата.
Обуката беше во рамките на Еразмус проектот “Градење на најдобриот тим” кој е поддржан од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.