На 13-ти и 14-ти Октомври се одржа “School business alliance conference”, конференција на која во текот на овие два дена присуствуваа повеке од 50 наставници и претставници од бизнис заедницата. На конференцијата беа претставени резултатите од проектот “School Business Alliance for the digital economy” кој училиштето САБА го реализираше во текот на 2019, 2020 и 2021 година заедно со училишта и стопански комори од Англија, Шпанија, Словенија, Турција и Бугарија.
Целта на овој проект беше да се воспостават поголеми врски помеѓу средните училишта и компаниите, учениците и претприемачите, со цел остварување на подобро учење преку пракса и реални примери. На конференцијата беа претставени и двата прирачници кои произлегоа од овој проект – Прирачник за претприемништво за наставниците од средните училиште и Прирачник за претприемништво за стопанските комори.Конференцијата се одржа во рамките на #ErasmusDays #ЕразмусДенови

Прирачниците може да ги превземете на следните линкови:
Прирачник за претприемништво за стопанските комори
