„Let`s make ideas happen”

“Let`s make ideas happen” е Erasmus+ проект преку кој ученици и професори од Македонија, Србија, Турција, Романија и Португалија ќе имаат можност да ги развијат своите вештини и компетенции кои се од суштинско значење за успешен професионален и личен живот. Учесниците ќе учат за бизнис, деловни односи, логистика, деловна администрација и ќе имаат можност да споделуваат идеи и примери на добари практики во работата меѓу европските држави.

Овој проект се концентрира на спроведување на едукација за претприемништво, така што младите луѓе кои иако учат различни насоки ке можат да започнат свои компании кои можат да работат на глобален пазар. Обуките кои се дел од овој проект ќе им помогнат на  учениците да станат самоуверени, амбициозни и активни млади претприемачи. Очекувањата од овој проект се учениците да развијат клучни вештини за соработка (соработка во мултикултурна и повеќејазична средина), да бидат ориентирани кон цели и да бидат креативни за да ги решат сите проблеми.

Проектот ќе опфати 14 професори и 25 ученици од училиштата САБА, или вкупно 84 професори и 125 ученици од училиштата од Турција, Србија, Португалија, Романија и Македонија. Овие ученици и професори ќе имаат можност да одат на 6 мобилности.

Мобилности :

  1. Србија – Ќе учествуваат 4 професори од САБА кои заедно со уште 16 професори од другите држави партнери во овој проект ќе имаат можност да разменат идеи за креативно учење и иновативни пристапи во наставата. Професорите ќе работат во мешани групи, ќе истражуваат за познати компании, претприемачи и нивната успешна приказна.
  2. Турција (Истанбул) – Ќе учествуваат по 5 ученици и 2 професори од сите партнерски земји. Учесниците ќе работат во групи каде ќе имаат можност да учат за техниките за истражување на пазарот, изработка на бизнис план, презентација на нивниот бизнис план, креирање на Google календар итн.
  3. Македонија – 12 професори и 30 ученици од сите држави ќе имаат задача да регистрираат свој сопствен бизнис, да изработат и осмислат промотивен материјал за нивната компанија, да изработат табели за за статистики и работа на компанијата.
  4. Романија – Ќе учествуваат 5 ученици и 2 професори од САБА. Учесниците на мобилноста во Романија ќе имаат задача да осмислат и креираат Лого за компанија, слоган на компанија, како и да изработат план за промоција на компанијата.
  5. Португалија – Учесниците ќе изработуваат план за буџетот на компанијата и процедура за отворање сметка во банка. Исто така ќе го анализираат даночниот систем во земјите учесничките како и социјалното и здравственото осигурување на вработените.
  6. Турција (Анкара) – Ќе учествуваат по 5 ученици и 2 професори од сите партнерски земји. Учесниците во Турција ќе имаат обука за финансиско планирање. Централен проблем на големите компании е да го задржат и зголемат капиталот, затоа учесниците ќе собираат информации и практики за тоа како во тоа успеале големите компании. Тие ќе креираат брошури, линкови и лекции кои ке бидат објавени на веб страната на проектот.

Проектот е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.