Четворица професори од САБА од 6-ти до 11-ти септември 2021 беа во Суботица, Србија каде што учествуваа во проектот “Let’s make ideas happen”.
Заедно со професори од Србија, Турција, Романија и Португалија таму работеа на активности поврзани со претприемништвото и развој на бизнис идеи. Следната активност од овој двегодишен проект ќе биде во декември кога ученици од сите овие држави ќе работат на развој на бизнис идеи и планови во Истанбул.

