“In the on line world”

„Во оn line светот„ е нов Еразмус проект на училиштето САБА кој ќе се спроведува во текот на учебната 2020/21 година. Преку овој проект 20 ученици од насоките бизнис и право ќе имаат можност да поминат двонеделни пракси во три европски држави. 8 ученици ќе одат во Лајпциг, Германија, 6 ученици во Болоња, Италија и 6 ученици во Бордо, Франција. Во рамките на истиот проект 6 професори од училиштето ќе имаат еднонеделни обуки во Шпанија.

Проектот „Во оn line светот„ ќе им помогне на учениците да искусат работа во светски компании успешни во своето работење преку on line продажба и интернет маркетинг. Германија, Италија и Франција се држави со добро развиени современи стратегии кога е во прашање водењето успешен бизнис. Преку двонеделната пракса во компании во овие држави учениците ќе имаат можност да видат дел од европскиот бизнис свет и да научат многу за електронската трговија, on line продажбата и интернет маркетингот. Учениците ќе одат на пракса во интернационални компании во кои ќе се стекнат со светско професионално искуство.

Вториот дел од проектот е обука на професори од САБА. Тројца професори ќе одат на еднонеделна обука во Севиља, Шпанија, на тема “Претприемништво во училиштата: учење преку искуство”.  Други тројца професори ќе имаат можност да следат еднонеделна обука во Малага, Шпанија, на тема “Учење преку проекти”. Преку овие обуки професорите ќе имаат можност да научат нови, иновативни техники, методи и активности за поттикнување на претприемачкиот дух кај учениците преку развивање на идеи, решавање проблеми, развивање на тимскиот дух, искуствено учење итн.

Проектот е поддржан од Европската комисија и Еразмус+ програмата, и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.