Проектот “Generation coding the future” е нов проект на училиштето САБА кој ќе обедини ученици и професори од шест средни училишта од шест Европски држави: Романија, Италија, Турција, Грција, Унгарија и Македонија. Преку овој проектот учениците и професорите ќе стекнат вештини од областа на кодирање, градење и програмирање на мини роботи. Проектот ќе трае 2 години (2020-2022) и во рамките на овој проект ќе учествуваат 140 ученици и 60 професори од овие држави.
ЦЕЛИ на проектот се:
- развој на дигитални и технолошки компетенции за изработка на мини-роботи;
- зголемување на нивото на достигнувања и интерес за роботика засновано на програмирање Ардуино;
- подобрување на вештините за странски јазик преку меѓународна соработка, способност за работа во мултинационални групи;
- развој на јазични и ИТ вештини
- користење на нови наставни методи засновани на активно учење на учениците преку практични апликации за градење мини-роботи.
Во рамките на овој проект ќе има шест мобилности (обуки за ученици и професори). На секоја мобилност ќе учествуваат по 5 ученици и 2 професори од САБА.
Првата мобилност ќе се одржи во Романија под името: „Вовед во платформата за Ардуино и Роботика, Кодирање на Ардуино“. За време на еднонеделниот престој во Романија учениците и професорите ќе се запознаат со кодирање на Ардуино и правење на мини-роботи.
Втората Мобилност ќе се одржи во Грција под името: „ Апликации со Ардуино плочи“. За време на оваа мобилност во Грција учениците и професорите ќе ја научат апстрактната логика на програмирање рачно работење, правење кола, градење роботи; презентација на најдобрите практики од партнерските училишта, засновани на употребата на конструкцијата на мини роботот Arduino
Третата мобилност ќе се одржи во САБА во Скопје, под името: „Моторни апликации“. Учениците ќе научат за различните видови на мотори кои можат да се употребат во изработка на мини-роботи.
Четвртата мобилност ќе се одржи во Унгарија под името „Инфрацрвени апликации“. За време на овој еднонеделен престој во Унгарија ќе се изработува мобилен робот далечински контролиран преку Raspberry Pi, со репродукција на видео – WIFI
Петтата мобилност ќе се одржи во Италија под името „Ултразвучен сензор за растојание“. За време на оваа мобилност во Италија учениците и професорите ќе научат за употребата на сензори: создавање на робот со употреба на комплет и плочи Arduino, безжичен режим; употреба на ултразвучен сензор за мерење на растојанието пред роботот;
Шестата мобилност ќе се одржи во Турција под името „Ардуино сумо-робот“. За време на последната еднонеделна посета во Турција учениците ќе изработат сумо-робот со Ардуино компоненти и ќе го програмираат сумо-роботот.
Со сознанијата добиени од овие мобилности преку присуство на работилниците предвидени со програмата на овој проект, учениците и професорите ќе го збогатат своето познавање во областа на информатичките науки, кодирањето и роботиката и ќе можат да го пренесат истото тоа знаење на своите соученици и колеги професори за време на проектите организирани од нашето училиште.
“Generation coding the future” е проект од Еразмус+ програмата, акција КА229, поддржан од Европската комисија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.