„Don’t be bully, be friend fully„ е Erasmus+ проект преку кој професори од САБА ќе имаат можност да учествуваат на обуки во Турција, Словенија и Бугарија, со цел да се разменат искуства помеѓу државите за пронаоѓање начини за намалување и спречување на врсничкото насилство во училиштата.
Овој проект ќе се фокусира на еден иновативен и ефективен приод во спречувањето на врсничкото насилство во образовниот процес, ќе се оствари соработка со цел да се генерираат нови идеи во оваа област, и на професорите ќе им се даде можност за мобилност. Во текот на 24 месечната работа на проектот, учесниците, професори ќе го споделат своето знаење и искуство за спречување на врсничкото насилство и ќе развијат иновативни и ефективни пристапи помеѓу земјите-партнери. Овој проект во социјален, културен, лингвистички и географски контекст опфаќа голема европска област и предвидува соработка меѓу земјите.
Целите кои ќе се постигнат со овој проект се:
а. Зајакнување на профилот на професорите.
б. Намалување на врсничкото насилство во училиштата.
г. Креирање соработка за едукативно опкружување меѓу учениците во училишта.
д. Подобрување на квалитетот на образование во училиштата.
ѓ. Подобрување на синергијата на нашите училишта на меѓународно ниво.
е. Подигнување на свеста за она што е заедничко, но и различно за земјите партнери.
Проектот е поддржан од Еразмус + програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.