Од 29.11 до 04.12 две професорки од САБА беа во Љубљана, каде учествуваа во проектот “Don’t be bully, be friend fully”. Нашите професорки заедно со професори од средни училишта од Словенија, Бугарија и Турција ја следеа обуката за нови методи за намалување и спречување на булингот меѓу младите во училиштата. Во текот на обуката се спроведоа работилници за зголемување на самопочитта кај учениците, намалување на антисоцијалното однесување и сл. Професорите разменија искуства и работеа на наоѓање начини за намалување и спречување на врсничкото насилство.

