Претставници од САБА во соработка со партнерските организации, Logopsycom од Белгија, Yuzupulse од Франција, Sansi Leonardi Volta од Италија и Mihai Baseccu Technical College од Романија од 27.09-29.09.2023 година ја одржаа третата серија состаноци со цел координација и успешна реализација на проектот „Digital-English as a second language“ во Монс, Белгија.
Овој проект има за цел да им помогне на наставниците во имплементација на креативни концепти и практики за производство и инкорпорирање на видео игри во нивните часови по јазик со цел да се зголеми мотивацијата, вклученоста и учеството на сите ученици. Вo моментот, активностите се фокусирани на создавање видео игри преку различни програми како што се Genially, RPG Maker MV, Twine или GDevelop. На состаноците се презентираа досега спроведените активности поврзани со онлајн курсот за креирање на видео игри и водичот за имплементација со цел да се поттикне размената на добри практики, а воедно се дискутираше и за технички детали во врска со изработката на видео игрите за ESL.
Последната фаза од проектот предвидува тестирање и евалуација на сработените проекти задасе подобри квалитетот и конзистентноста, како и интервјуа, собирање на сведоштва, впечатоци и добри практики за употребата на видео игри пред финално завршување на овој проект во јуни 2024 година.