Претставници од САБА заедно со уште 30 професори од разни Европски држави од 11-ти до 15-ти јули беа во Сплит каде учествуваа на обуката “Creativity in the classroom and Different ways of Displaying it”. На обуката беа презентирани различни алатки кои може да се користат во секојдневната настава со цел креирање на покреативни часови каде учениците се поактивно вкучени во наставата. Учесниците беа дел од различни работилници каде научија нови техники за изработка на интересни презентации и игри за нивно користење на часовите.
За време на обуката учесниците имаа можност и да ги посетат и културните и историски знаменитости на Сплит. “На оваа обука научив многу интересни алатки за правење на презентации и видеа преку кои ќе можам да ги предадам лекциите кои се дел од материјалот. Исто така бев запознаена со методот на учење преку изработка кој е иновативен метод за совладување на различни наставни единици. Алатките за изработка на различни игри и квизови кои беа презентирани се одлични за повторување на материјалот во текот на наставата,” вели Христина Таневска, професорка во САБА Скопје.
Обуката во Сплит е дел од Еразмус акредитацијата на училиштето САБА, поддржана од Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.