Проект Еко Дизајн

Теодор и Сава од САБА Скопје и Кристина и Наталија од САБА Штип една недела во октомври 2017 беа во Закопане, Полска, каде што учествуваа во Еразмус проектот Еко Дизајн.

Повеќе …

Проект “Learning knows no bounds”

Во текот на учебната 2017/18 година училиштето САБА е партнер во Еразмус проектот “Learning knows no bounds”, проект чија цел е размена на искуства помеѓу училишта од неколку Европски држави (Македонија, Турција, Италија, Литванија и Романија) околу вклучувањето на учениците со посебни потреби во редовната настава.

Повеќе …

Ефикасно менаџирање на училишта

Во текот на 2016/17 година училиштето САБА го реализираше Еразмус+ проектот “Ефикасен училишен менаџмент”. Во рамките на овој проект, преставници на менаџментот на училиштето САБА учествуваа на две обуки на кои имаа можност да стекнат Европски искуства за менаџирање на училиштата. Повеќе …

Проект Шпанија, Лето 2017

Мишо Ангеловски од САБА Скопје, Вики Стоилкова и Никола Пауновски од Саба Штип од 15-ти до 23-ти јули ќе бидат дел од младинската размена во Majadas, Шпанија. Заедно со млади од Македонија, Франција, Кипар и Шпанија, тие ќе бидат дел од Еразмус проектот Working in Europe кој е во партнерство со Советот на млади од општина Штип. Повеќе …

“Европски бизнис” за европско усовршување

“Европски бизнис” е името на Еразмус проектот преку кој 16 ученици од приватното средно училиште САБА од Скопје, Битола и Штип поминаа по две недели на пракса во четири Европски држави: Италија, Германија, Шпанија и Португалија. Повеќе …