Учење преку пракса во Германија и Шпанија

“Practice and project based learning” или “Учење преку проекти и пракса” е Еразмус проект преку кој 16 ученици од училиштето САБА во текот на ноември и декември 2019 ќе да одат на двонеделна пракса во компании во Лајпциг, Германија и Барселона, Шпанија. Повеќе …

ИТ Проект – заштита од опасни гасови во воздухот

Загадувањето на воздухот е една од најактуелните теми во последно време кога е во прашање здравјето на луѓето и заштита од опасни болести. Тимот кој работеше на проектот составен од 5 ученици и двајца ментори изврши анализа на самата проблематика и ги комплетираше сите потребни податоци за креирање на проектна документација. Повеќе …

Еразмус обука во Италија

Од 1-ви до 7-ми Април 2019 професорките по англиски јазик Наташа од САБА Скопје и Љупка од САБА Битола беа на обука во Соверато, Италија. Во текот на оваа обука професорките се запознаа со нови иновативни методи на образование, тим билдинг активности и учење надвор од училницата. Повеќе …

“Дружење без граници”

На 23-ти јануари 2019, започна да работи центарот за деца со посебни образовни потреби ‘’Дружење без граници’’. Центарот ќе работи два пати неделно, понеделник и четврток од 19 часот, и може да го посетуваат ученици од училиштата од Скопје. Во центарот ќе се одржуваат тематски работилници, тим билдинг активности, креативни изработки, учење преку игри и квизови, заеднички прослави на празници и родендени итн. Повеќе …

Team building обука во Барселона

Од 10-ти до 16-ти декември 2018 двајца професори од САБА Скопје беа на еднонеделна обука во Барселона, Шпанија. Темата на обуката беше „Team building for school: play and fun building educators communities”. На обуката присуствуваа професори од Македонија, Грција и Финска, каде имаа можност да разменат меѓусебни искуства за видовите на активности кои ги реализираат во нивните училишта со цел градење на тимскиот дух меѓу учениците и професорите. Повеќе …