Пракса во Дрезден, Германија

Од 20-ти до 30-ти април 2026, 10 ученици од САБА беа на пракса во Дрезден, Германија. Таму работеа во компании од областа на бизнис, менаџмент и програмирање на роботи. Исто така имаа можност подобро да се запознаат со градот и германската култура, а ја посетија и фабриката за производство на автомобилите Volkswagen.

Повеќе …

Гости од Болоња

Од 26.01 до 09.02.2026 во САБА Скопје имавме гости средношколци од Болоња, Италија. Цели две недели учениците учеа бизнис, право и информатика во САБА, а го посетија и музичкото училиште каде што се запознаа со традиционалните македонски инструменти и музика, имаа работилница со студентите од катедрата по Италијански јазик, ги посетија Археолошкиот музеј, Охрид и Матка. Од Македонија си заминаа со преубави спомени и многу нови пријателства.
         

Повеќе …

AI4Good – Дигитални алатки за интерактивни часови

Во текот на учебната 2025/26 година ќе работиме на проектот AI4Good. Целта на овој проект е да се креираат нови дигитални алатки за образование и да се спроведат обуки преку кои професорите ќе научат како да креираат интерактивни часови со помош на вештачката интелигенција.

Повеќе …