Гости од Болоња

Од 26.01 до 09.02.2026 во САБА Скопје имавме гости средношколци од Болоња, Италија. Цели две недели учениците учеа бизнис, право и информатика во САБА, а го посетија и музичкото училиште каде што се запознаа со традиционалните македонски инструменти и музика, имаа работилница со студентите од катедрата по Италијански јазик, ги посетија Археолошкиот музеј, Охрид и Матка. Од Македонија си заминаа со преубави спомени и многу нови пријателства.
         

Повеќе …

AI4Good – Дигитални алатки за интерактивни часови

Во текот на учебната 2025/26 година ќе работиме на проектот AI4Good. Целта на овој проект е да се креираат нови дигитални алатки за образование и да се спроведат обуки преку кои професорите ќе научат како да креираат интерактивни часови со помош на вештачката интелигенција.

Повеќе …

Во какво средно училиште би го запишале вашето дете?

За потребите на проектот „Предизвици во средното образование во Европа„ во текот на февруари и март 2025 година беше спроведено истражување за мислењето на родители на сегашни и/или идни ученици од средни училишта од нашата држава. Повеќе …