Реализирани активности, проекти и освоени награди во учебната 2018/19

ЈУНИ 2019

  • 09.06.2019 Награда за најиновативен проект на Предизвникот за млади истражувачи организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. Тимот на 6 ученици и 2 професори од САБА Скопје ја освоија наградата со својот проект “Зголемување на ефикасноста на соларните панели”
  • 07.06.2019 Одобрен Еразмус проектот ”Project and practice based learning” преку кој 16 ученици од САБА ќе одат на двонеделна пракса во Лајпциг, Германија и Барселона, Шпанија во текот на ноември и декември 2019.
  • 05.06.2009 Ученици од насоката Бизнис од САБА Скопје ја посетија Охридска банка каде се запознаа со работата на банката, банкарските услуги и финансиската индустрија.

Повеќе …

Иновативни методи во наставата

Во рамките на Еразмус проектот „Градење на најдобриот тим„ професорите учесници во обуките во Италија и Шпанија подготвија презентација преку која ги споделија новите методи кои ги научија за време на девте обуки. Повеќе …

Пракса во реални компании

Училиштето САБА е средно стручно училиште во кое праксата е задолжителен предмет за учениците во трета и четврта година. Неколку пати во текот на годината учениците поминуваат по неколку дена на пракса во различни компании во зависност од насоката која ја учат. Ова се дел од компаниите во кои учениците од САБА ја реализираат праксата: Винер осигурување, СН Брокер, издавачка куќа НАМ Прес, нотар Ванчо Андоновски, адвокат Кузмановски, адвокат Анита Стојановска, Life Vision, Solar energy system, НВО EcoLogic, издавачка куќа Просветно дело, Оне-Вип, Года комерц, ИТ компанија Веобит. Повеќе …

Проект „Ајде да се дружиме„

“Ајде да се дружиме” е проект од областа на социјалното претпримеништво чија главна цел е отворање на центар за деца со посебни образовни потреби кои следат редовна настава во основните училишта во Скопје. Центарот им овозможува на голем број деца со посебни образовни потреби да доаѓаат и преку различни игри и методи на неформално образование да се запознаат меќу себе, да се социјализираат и да научат нешто ново. Повеќе …

Научна конференција

Во ноември 2018 претставници на училиштето САБА учествуваа на Петтата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки„. На конференцијата беше претставен наградениот проект на САБА „Систем за детекција на гасови„ како иновативен пристап во изучувањето на информатичките технологии. Повеќе …