AI4Good – Дигитални алатки за интерактивни часови

Во текот на учебната 2025/26 година ќе работиме на проектот AI4Good. Целта на овој проект е да се креираат нови дигитални алатки за образование и да се спроведат обуки преку кои професорите ќе научат како да креираат интерактивни часови со помош на вештачката интелигенција.

Со проектот AI4Good наставниците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни за предавање за и со вештачка интелигенциjа во средните училишта. Училиштето САБА, како пилот-училиште и партнер за образовни иновации во проектот, игра витална улога во остварувањето на мисијата на иницијативата. Проектот AI4Good има за цел да:
– испорача сертифицирани програми за обуки на наставници
– да обезбеди наставни материјали за вештачка интелигенција
– да промовира инклузивен пристап кон вештачката интелигенција
-да  ја унапреди етичката свест и дигиталната за вештачка интелигенција.
Партнери во проектот се Uniwersutet Ekonomiczny W Katowicach од Полска и ISACA Europe Limited од Ирска