60 ученици од Европа гости во САБА

Од 16-ти до 20-ти август 2021 САБА беше домаќин на 60-тина ученици и професори од Турција, Латвија, Полска и Бугарија. Сите се учесници во проектот “The journey of learning from data to knowledge with maths and technology”.
Учениците од овие држави заедно со група ученици од САБА преку истражувања работеа на практични проекти од областа на математиката.
Првиот ден започна со тим билдинг активности и запознавање на Скопје.

 
Во текот на следните денови учениците од Македонија, Турција, Латвија, Полска и Бугарија беа поделени во 8 групи и работеа на практични проекти со програмата Orange за визуелизација на податоци.

 

Последниот ден беа презентирани резултатите од проектот и беа доделени сертификати на сите учесници.
Проектот “The journey of learning from data to knowledge with maths and technology” е двегодишен проект поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и Европската комисија.