Амбасадорот на Италија во САБА

Амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри, на 08.02.2023 беше во посета на училиштето САБА во Скопје.

За време на посетата амбасадорот заедно со професорот Марко Пешетели, се запознаа со училиштето, како и со дел од учениците кои учат италијански јазик во САБА и нивната професорка Ирена Минова Петковска. Целта на посетата беше доставата на најновите учебници за изучување на италијански јазик кои Италијанската амбасада Ambasciata d’Italia in Skopje ги донираше за САБА.