Две признанија за САБА

Денес во просториите на Националната агенција за европски програми и мобилност училиштето САБА доби две признанија за исклучителни постигнувања со Еразмус проектите издадена од Европската комисија.

За успешната реализација на Европските проекти, училиштето САБА ја доби ЕИТА наградата (European Innovative Teaching Award) – Европска награда за иновативност во наставата и учењето.

Исто така училиштето САБА доби и Еразмус Акредитација која во текот на следните 7 години ќе им овозможи на голем број ученици и професори од САБА да имаат пракса и обуки во многу европски држави.