На 27-ми декември 2018 училиштето САБА одржа предновогодишен хуманитарен настан. Целиот настан беше организиран од учениците кои учат во училиштето САБА во Скопје. Покрај театарска престава ‘Ние сме професори’ во која учениците ги глумеа професорите и часовите во САБА, на настанот имаше и балетски точки, музички изведби, цртање.
Во деновите пред настанот учениците изработуваа и новогодишни украси, честитки, производи, кои беа изложени и се продаваа на базар во склоп на хуманитарниот новогодишен настан. Со собраните средства од продажбата на влезници и продажбата на производите на базарот беа купени храна и средства за хигиена кои беа донирани кај две социјално загрозени семејства.
Во текот на изминатите 10 години училиштето САБА има организирано повеќе хуманитарни настани преку кои сме им помогнале на многу семејства и деца.