Со оглед на ново-настанатата ситуација со ширење на ризик од Корона вирусот, а со цел заштита на учениците и населението, целосно се почитуваат препораките на Владата на Р.С. Македонија. Учењето и наставата од второто полугодие 2020 го продолжуваме со примена на системот за веб учење и мобилната апликација за учење на далечина (e-learning). Овие системи се во примена во САБА повеќе години а со оглед на потребите, веќе ги применуваме и како основно средство за образување на нашите ученици.
Прекин на наставата нема бидејќи целокупниот процес е организиран преку нашите on-line системи.
Сите потребни материјали, книги, учебници, анимации, симулации, програмирање, вежби и др. се реализираат електронски. Се применуваат и системи за видео-конференциски врски, директна комуникација преку пишани пораки во реално време, е-mail комуникација и се останато што е потребно да ја продолжиме наставата.
Тестирање на стекнатите знаења исто така ќе се реализира електронски без никакви пречки, со што училиштето практично ги поседува сите потребни капацитети и можности за реализирање на целокупниот предвиден образовен процес.
Не застануваме … продолжуваме …