Учење преку пракса во Германија и Шпанија

“Practice and project based learning” или “Учење преку проекти и пракса” е Еразмус проект преку кој 16 ученици од училиштето САБА во текот на ноември и декември 2019 ќе да одат на двонеделна пракса во компании во Лајпциг, Германија и Барселона, Шпанија.

Учениците ќе бидат распределени во компании до областа на автомобилската индустрија каде што ќе имаат можност да видат како дигиталната технологија се применува во автомобилската индустрија. Во текот на двонеделната пракса учениците кои ќе бидат во Германија ќе одат на научна посета на автомобилските компании BMW и Porsche, а учениците кои ќе бидат во Шпанија ќе ја посетат компанијата SEAT.

                 

За време на двонеделните пракси учениците ќе видат како информатиката се применува во автомобилската индустрија, ќе ја видат примената на ИТ во производството на паметни автомобили, интелигентно програмирање и технологии на иднината. Во автомобилските компании во овие држави учениците ќе имаат можност да ги видат дигиталните системи кои се користат, роботи и интелигентно програмирање на автомобили.
Целта на овој проект е учениците да имаат Европска пракса, да стекнат работно искуство во светски компании, да го применат знаењето кое го стекнале на училиште во реална пракса, да стекнат многу нови вештини и знаење.
За време на двонеделниот престој во секоја држава, учениците ќе имаат можност и да се запознаат со културата на таа држава, начинот на живот, храната, јазикот. За време на викендите учениците ќе посетат и други градови и знаменитости во близина на Лајпциг и Барселона.