Успешно заврши десеттата учебна година во САБА

Повеќе од 150 ученици ја завршија десеттата учебна година во САБА Скопје, деветтата во САБА Битола, четвртата учебна година во САБА Штип и првата учебна година во САБА Куманово.

На крајот од оваа учебна година, на 8-ми јуни, најдобрите ученици беа наградени. Покрај првенците на генерација, благодарници и пофалници добија сите ученици кои учествуваа во сите активности надвор од часовите, хуманитарни активности, донации, саеми, спортски активности, проекти.

Признание за најдобар ученик во учебната 2017/18 година во училиштето САБА Скопје добија:

  1. Мартина Костадинова за најдобар ученик од прва година, насока администрација
  2. Иван Цекиќ, најдобар ученик од прва година, насока информатика
  3. Александар Тодов, најдобар ученик од втора година, насока информатика
  4. Елена Божиновска,најдобар ученик од трета година, насока бизнис
  5. Мишо Ангеловски, најдобар ученик од трета година, насока информатика

Благодарници за учество на учениците кои учествуваа во хуманитарната активност “Изработка на Мартинки” и Пофалница за најголем придонес во оваа хуманитарна акција на ученичката од прва година Кристина Божиновска.

Благодарници за учество на учениците кои учествуваа во хуманитарниот саем на книга кој се одржа на 2о-ти април во Капитол мол. Пофалница за најголем придонес во оваа хуманитарна акција на ученикот од прва година Љупчо Јаќовски.

Благодарници за учество на учениците кои учествуваа во донирањето на средствата собрани од хуманитарните активности. Пофалница за најголем придонес во донациите добија Дијана Дамчевска, прва година, и Виктор Јовановски, трета година.

Благодарници за учество на учениците кои беа волонтери на Скопскиот маратон 2018 кој се одржа на 6-ти мај. Пофалница за најголем придонес доби Елена Божиновска, трета година.

Пофалници за учениците кои имаа најголем придонес во спортските натпревари (кошарка, фудбал и мал фудбал).

Благодарници за учениците кои учествуваа во изработката на иновативниот проект “Систем за детекција на гасови во работни простории”.