
Фондацијата “Никола Кљусев” објавува
К О Н К У Р С
за доделување 10 делумни стипендии за четиригодишно школување во
Приватното средно училиште САБА – Средношколска академија за бизнис и администрација.
Стипендиите се доделуваат на ученици кои во учебната 2026/27 година ќе се запишат во прва година во училиштата САБА.
Критериуми за учество:
- ученикот да заврши деветто одделение во јуни 2026 година.
- ученикот да има континуиран одличен успех до деветто одделение.
- ученикот да има освоено награди на натпревари.
Потребни документи за пријавување:
-копии од свидетелства од VI, VII и VIII одделение
-потврда за полугодишните оценки од деветто одделение (се доставува за време на интервјуата)
-дипломи од натпревари
-краток есеј на тема “Во иднина се гледам како. . .” во кој ученикот ќе ги образложи своите ставови и желби за средното образование, како и планови за идното образование и професија.
-пополнета пријава (може да се превземе од линкот подолу)
Краен рок за пријавување е 24-ти декември 2025.
Сите пријавени ученици ќе бидат повикани на интервју во текот на јануари/февруари 2026. Интервјуата ќе се одржуваат во просториите на училиштето САБА. Резултатите ќе бидат објавени до 13-ти февруари 2026 година.
Документите треба да се достават лично на отворениот ден на САБА, во среда 24.12.2025 во Cowork 21 (ул. Македонија) во периодот од 11 до 14 часот или од 18 до 20:00 часот.
