Фондацијата “Никола Кљусев” објавува
К О Н К У Р С
за доделување 9 стипендии (целосни и делумни) за четиригодишно школување во
Приватното средно училиште САБА – Средношколска академија за бизнис и администрација.
Стипендиите се доделуваат на ученици кои во учебната 2023/24 година ќе се запишат во прва година во училиштата САБА во Скопје, Битола и Штип.
Критериуми за учество:
- ученикот да заврши деветто одделение во јуни 2023 година.
- ученикот да има континуиран одличен успех до деветто одделение.
- ученикот да има освоено награди на натпревари.
Потребни документи за пријавување:
-копии од свидетелства од VI, VII и VIII одделение
-потврда за полугодишните оценки од деветто одделение (се доставува за време на интервјуата)
-дипломи од натпревари
-краток есеј на тема “Во иднина се гледам како. . .” во кој ученикот ќе ги образложи своите ставови и желби за средното образование, како и планови за идното образование и професија.
-пополнета пријава (може да се превземе од линкот подолу)
Краен рок за пријавување е 30-ти декември 2022.
Сите пријавени ученици ќе бидат повикани на интервју во текот на јануари/февруари 2023. Интервјуата ќе се одржуваат во просториите на училиштето САБА. Резултатите ќе бидат објавени на 27-ми февруари 2023 година.
Стипендиите ќе бидат распределени по три за секое училиште (САБА Скопје, Битола и Штип).
Документите може да се испратат по пошта или скенирани на меил.
Адреса: Фондација “Никола Кљусев”
Ул. Македонија бр. 12
Скопје
е-mail: info@nikolakljusev.org.mk
Приватно средно училиште САБА
ул. Антон Попов 1-2
Скопје
saba@saba.edu.mk