Во САБА на насока информатика покрај редовната настава се работи на реализација и на различни практични проекти. Во изминатите години особно внимание е посветено на креирање иновации и софистицирани информатички системи.
Тимовите на САБА две години по ред 2018-2019 се добитници на награда од Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР, за најдобри иновативни проекти од областа на ИТ технологиите.
Системите кои се креираат во САБА се базирани на најсовремени технологии кои во себе вклучуваат:
- Микроконтролери
- Сензори
- Сервери
- Софтверски решенија
- Веб информации
- Следење на податоци во реално време
- Роботски системи
- Интелегентни системи за движење и др.
Квалитетот на извршените проекти и високото ниво на работа е препознаено од двата најреномирани факултети и тоа:
- Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ Скопје
–Институт за Телекомуникации - Технички Факултет Битола-ТФБ
–Отсек за Мехатроника
САБА има потпишано договор за директна соработка со лабараториите на двата факултети.
Во средби со професорскиот кадар и деканите на факултетите, креирана е посебна програма во која учениците на САБА имаат единствена можност да работат во лабараториите на факултетите. Низ тој процес ги водат Универзитетски професори.
На овој начин се остварува развој на проекти на највисоко научно-истражувачко ниво.