Сензорски ИТ систем

Во рамките на #EuropeCodeWeek2021 ученици од насока информатика програмираа Ардуино како подготовка за изработка на паметни уреди за помош на лица со попречености.

Проектот “Сензорски ИТ систем за помош на лица со посебни потреби” е награден на натпреварот “Предизвик за млади истражувачи 3” од Фондот за иновации. Група на 5 ученици од насока информатика започнаа со работа на овој проект во февруари 2021 година, и до февруари 2022 треба да го комплетираат системот кој навистина ќе им го олесни движењето и комуникацијата на лицата со посебни потреби во нивното секојдневно живеење.